РУСИЈА ПРЕРАСПРЕДЕЛУВА ВОЈНИЦИ ОД ГРУЗИЈА Се очекува да ја интензивира инвазијата

Британското Министерство за одбрана додава дека меѓу 1.200 и 2.000 од тие војници се реорганизираат во три баталјонски тактички групи.

505

Британското Министерство за одбрана објави нови податоци за ситуацијата во Украина според кои Русија префрла свои сили од Грузија со цел да го зголеми интензитетот на инвазијата врз Украина.

Британското Министерство за одбрана додава дека меѓу 1.200 и 2.000 од тие војници се реорганизираат во три баталјонски тактички групи.






„Малку е веројатно дека Русија планирала да генерира засилување по ова прашање и тоа укажува на неочекуваните загуби што ги претрпе за време на инвазијата“, соопшти британското Министерство за одбрана.

Поврзани содржини