РУСИЈА И УКРАИНА ЌЕ ГО ПОЧИТУВААТ ПРЕКИНОТ НА ОГНОТ ПО ВОДА Трамп вели дека е постигнат голем напредок во преговорите

Ние сме во длабоки преговори со двете страни и работите се одвиваат добро, изјави американскиот претседател.

337

Американскиот претседател Доналд Трамп денеска изјави дека е постигнат голем напредок во разговорите меѓу САД, Украина и Русија за прашањето за војната во Украина.

– Ние сме во длабоки преговори со двете страни и работите се одвиваат добро – изјави Трамп.






Тој истакна дека Русија и Украина заеднички ќе го почитуваат прекинот на огнот по вода.

Американскиот претседател додаде дека е постигнат значителен напредок и во однос на ситуацијата на Блискиот Исток.

Поврзани содржини