РОДИТЕЛИТЕ НА КОСТА К. ТРЕБА ДА ИМ ПЛАТАТ 2 МИЛИОНИ ЕВРА НА СЕМЕЈСТВАТА НА ЖРТВИТЕ Еве што поседуваат Милијана и Владимир
Семејството Кецмановиќ поседува значително вреден имот. Се проценува дека нивниот недвижен имот во Белград вреди најмалку 700.000 евра.
Владимир и Милијана Кецмановиќ, родителите на Коста Кецмановиќ, ќе треба да им исплатат околу 2 милиони евра на тужителите, на кои им е досудена нематеријална штета за претрпената душевна болка и страв. Секое оштетено лице ќе добие износ од 68.000 до 111.000 евра, плус законска камата, објави хрватски Индекс.
Судот ги прогласи за одговорни родителите за лошото воспитување, а училиштето за непреземање мерки за безбедност. Наредена е и исплата на судски трошоци. Пресудата може да се оспори со жалба до Апелациониот суд во рок од 15 дена. Оваа одлука се заснова на Законот за облигациони односи, кој предвидува одговорност на родителите, малолетниците и институциите за причинета штета.
Според податоците на српски Блиц, семејството Кецмановиќ поседува значително вреден имот. Се проценува дека нивниот недвижен имот во Белград вреди најмалку 700.000 евра. Оваа проценка не ја вклучува вредноста на автомобилите и на имотот во Ниш и во Параќин, како и имотот што не ѝ е познат на јавноста.
Владимир Кецмановиќ поседува:
- стан во Савски Венац, Белград (87 метри квадратни);
- Автомобил Mercedes, модел 2005 година.
Милијана Кецмановиќ поседува:
- стан во близина на Вуков споменик (47 метри квадратни) и паркинг простор;
- половина стан во Врачар (57 метри квадратни);
- половина стан во Ѕвездара (91 метри квадратни);
- половина од семејна куќа во Ниш;
- половина од помошен објект во Ниш (40 метри квадратни);
- околу 25 декари земјоделско и градежно земјиште во Ниш и областа Параќин;
- aвтомобил Fiat 500, модел 2017 година.
Во текот на судската постапка, на родителите им била изречена привремена забрана за располагање со парите од сметката, а привремено се задржани и паричните средства и хартиите од вредност. Точната сума не е позната.