МУ ПОНУДИЛЕ САМО НОВ АВИОНСКИ БИЛЕТ!? Србинот што висеше од прозорец на авионот на „Рајанер“ бара реална компензација

Добивме само е-пошта на име на мојот син, кој ги резервираше билетите. Прашаа дали сакаме нов лет и како сум. Но, никој од компанијата не ме контактираше директно, дури ни не ме повикаа за да покажат загриженост - рече Каровиќ.

0

Србинот, кој речиси излета од авионот на лет на „Рајанер“ поради скршен прозорец бара компензација од авиокомпанијата откако оваа му понудила само нов билет. Инцидентот се случи на лет од Грција до Германија, а пилотот успешно го пренасочи авионот на побезбедна надморска височина. Инцидентот сега го истражуваат американските власти.

Патникот на летот на „Рајанер“ кој речиси излета од авионот откако се скрши прозорецот на надморска височина од шест илјади метри тврди дека компанијата му понудила само нов авионски билет како компензација. Љубиша Каровиќ, 61-годишник од Србија, ангажирал адвокат и бара компензација од ирската авиокомпанија, објавува британски Телеграф.






Инцидентот се случи пред две недели на утрински лет од Грција до Германија. Каровиќ спиел кога прозорецот до неговото седиште експлодирал, а разликата во притисокот делумно го извлекла од авионот. Тој вели дека две недели по инцидентот, никој од „Рајанер“ не го контактирал лично.

– Добивме само е-пошта на име на мојот син, кој ги резервираше билетите. Прашаа дали сакаме нов лет и како сум. Но, никој од компанијата не ме контактираше директно, дури ни не ме повикаа за да покажат загриженост – рече Каровиќ.

Од сигурна смрт го спасиле неговата сопруга Светлана и другите патници кои во паника му ги држеле нозете. Неговата сопруга тврди дека членовите на екипажот не направиле ништо додека се бореле за неговиот живот.

– Изгледаа поисплашени од нас. Само патниците помогнаа, беа храбри – изјавила Светлана Каровиќ, кој

Љубиша Каровиќ претрпе тешки изгореници од триење и модринки на десната рака и градите во инцидентот на 10 јули.

Двојката сега ја застапува грчкиот адвокат Василис Цијарас, кој најави дека ќе бара значителна отштета.

– Мојот клиент се врати од работ на смртта и сакаме да се осигураме дека одговорните за ова ќе бидат повикани на одговорност. Не станува збор само за пари, туку за утврдување на вистината за тоа што се случило и за состојбата на авионот – рече Цијарас.

Инцидентот го истражува Националниот одбор за безбедност во сообраќајот на САД (NTSB), кој веќе го проверил авионот. Се очекува нацрт-извештајот да биде објавен за околу 28 дена. „Рајанер“ соопшти дека нема да дава никакви изјави додека трае истрагата.

Сепак, Нил Сорахан, главен финансиски директор на групацијата „Рајанер“, издаде соопштение.

– Нашиот тим за услуги на клиентите е во постојан контакт со семејството од инцидентот. Екипажот заврши одлична работа враќајќи го авионот во Солун. Сите патници, без исклучок, сами излегоа од авионот. Екипажот во кабината и пилотите завршија одлична работа – рече Сорахан.

Тој додаде дека ја поздравуваат истрагата на NTSB.

– Тие ќе спроведат целосна, независна истрага, во која ние целосно учествуваме. Нашите луѓе на терен активно помагаат во тој процес – заклучи тој.

Поврзани содржини