🎥 ИЛЈАДНИЦИ ЖИТЕЛИ ПРОТЕСТИРА ПРОТИВ МАСОВНИОТ ТУРИЗАМ НА ПАЛМА ДЕ МАЈОРКА Полицијата употребила гумени куршуми и пендреци
Движењето „Помалку туризам, повеќе живот“ трета година протестира поради преголемата посетеност на Палма де Мајорка.
Сѐ поголем број туристички места ширум светот се залагаат за ограничување на масовниот туризам. Движењето „Помалку туризам, повеќе живот“ („Menys Turisme, Més Vida“), под слоганот „Мајорка на работ на издржливоста“ вчера протестираше поради преголемата посетеност на шпанскиот остров.
Околу 25.000 граѓани, според полицијата, или околу 70.000 според организаторите, се собраа на плоштадот „Пласа де Еспања“ изразувајќи незадоволство од сè поголемиот туристички притисок врз островот. Тие носеа транспаренти „Пренатрупана Мајорка“ и „Нема повеќе капацитет“.
Најтешките инциденти се случиле по читањето на манифестот на протестот, што требало да го означи крајот на демонстрациите. Полицијата реагирала кога мала група демонстранти почнала да фрла предмети, главно пластични шишиња. Биле испукани околу дваесет гумени куршуми и имало напади со пендреци.
Движењето „Помалку туризам, повеќе живот“ трета година протестира поради преголемата посетеност на Палма де Мајорка.
Палма де Мајорка е една од најпопуларните туристички дестинации во светот.