АВСТРИСКА ВЕЧЕР НА „ОХРИДСКО ЛЕТО“ СО ПОДДРШКА НА КАСИНОС АВСТРИЈА Настапи светски познатото пијано дуо Маки Намекава и Денис Расел Дејвис

0

Во магичниот амбиент на црквата „Света Софија“ во Охрид, се одржа традиционалната Австриска вечер, еден од најпрепознатливите настани во програмата на фестивалот „Охридско лето“. Како ексклузивен спонзор, Касинос Австрија Интернешанал Македонија и оваа година со гордост ја поддржа реализацијата на овој престижен музички настан.

Во рамките на 66. издание на фестивалот, на 24 јули пред публиката во Охрид, настапи светски познатото пијано дуо Маки Намекава и Денис Расел Дејвис, врвни уметници со богата меѓународна кариера, препознатливи по својата извонредна музикалност и интерпретации кои оставаат силен впечаток.






Концертната програма ја поведе публиката на инспиративно музичко патување, од безвременските дела на Моцарт и Шуберт, преку романтичните звуци на Сметана, до современиот музички израз на Филип Глас, спојувајќи различни епохи, стилови и емоции во една незаборавна вечер.

Австриската вечер традиционално се реализира со поддршка на Амбасадата на Република Австрија во Република Северна Македонија и Владата на Република Австрија, претставувајќи симбол на долгогодишното пријателство, успешната културна соработка и заедничките вредности што ги поврзуваат двете земји.

– Како компанија која континуирано инвестира во културата, уметноста и проектите од трајна општествена вредност, Касинос Австрија Интернешанал Македонија со особена чест беше дел од оваа значајна фестивалска традиција. Поддршката на врвните културни настани е дел од определбата на компанијата да придонесува кон развојот на културниот живот и да биде партнер на иницијативи што инспирираат, поврзуваат и оставаат траен белег – велат од компанијата.

Поврзани содржини