РЕКОРДЕН БРОЈ ПОЖАРИ ВО ЕДЕН ДЕН Регистрирано 21 жариште до 17 часот

Центарот за управување со кризи регистрирал 21 активен пожар до 17 часот, од шуми и ниска вегетација до плевна и депонија. Жаришта има и на повеќе локации во Скопје.

3

Центарот за управување со кризи (ЦУК) информира дека денеска има рекорден број на пожари за ова лето. До 17 часот регистрирани се 21 активен пожар.

– Службите се максимално ангажирани на терен, со цел справување со пожарите, нивно локализирање и целосно гасење. До 17 часот регистрирани се 21 активен пожар – информира директорот на ЦУК Мухамед Али.






Пожари има во:

1.Општина Македонски Брод  м.в.Видуш во близина на с.Драгов Дол (ниска вегетација, нискостеблеста шума и грмушки);

2.Општина Студеничани над с.Моране, Вртекица и Рамни габер  (мешана шума);

3.Општина Студеничани 2: с.Батинци (ѓурбе);

4.Општина Илинден: нас.Илинден( ниска вегетација);

5.Општина Желино: с.Чифлик (ниска вегетација и мешена шума);

6.Општина Зелениково: с.Строхијадица(шума);

7.Општина Кичево1: с.Осој (плевна);

8.Општина Кичево 2: с.Манастирско Доленци (шума);

9.Општина Дебарца: с. Климештани према с. Ботун (ниска вегетација);

10.Општина Јагуновце: сКопанце (шума, ниска вегетација);

11.Општина Тетово: с.Џепчиште (ниска вегетација);

12.Општина Теарце: с.Пршовце (ниска вегетација);

13.Општина Гостивар: Глоба Балкан Груп – Гостивар (ниска вегетација);

14.Општина Чаир: Специјално Училиште Иднина – Поликлиника Чаир (ниска вегетација);

15.Општина Прилеп: с.Тополчани – кај млинот (висока вегетација);

16.Општина Новаци: с.Маково (ниска вегетација);

17.Општина Штип: с.Врсаково (ниска вегетација);

18.Општина Битола: с.Драгош (ниска вегетација);

19.Општина Центар Жупа: Центар Жупа (нива);

20.Општина Ѓорче Петров: железничката станица во Ѓорче Петров (ниска вегетација);

21. Град Скопје: ул.Гоце Делчев (ниска вегетација).

Поврзани содржини