РЕЧИСИ 1.000 СООБРАЌАЈНИ КАЗНИ СЕ ИЗДАДЕНИ ВЧЕРА Стотина луѓе возеле без дозвола

Во рамки на вчерашните контроли прекршочно се санкционирани и 17 пешаци, шестмина возачи минале на црвено светло, а осуммина возеле под дејство на алкохол.

457

Полицијата вчера издала 949 казни за сообраќајни прекршоци на целата територија на земјата. Од нив 313 прекршоци се однесуваат на неправилно паркирање, 154 на пречекорување на брзината на движење, а 96 на управување без возачка дозвола.

Следуваат казни за некористење сигурносен појас – 59, како и 32 прекршока за зборување на мобилен телефон при возење. Во рамки на вчерашните контроли прекршочно се санкционирани и 17 пешаци, шестмина возачи минале на црвено светло, а осуммина возеле под дејство на алкохол.






Вчера биле евидентирани 27 случаи на нерегистрирани возила што учествувале во сообраќајот, додека пак кај 34 возила била констатирана техничка неисправност.

Според досегашните статистичко-компаративни анализи од континуираните и засилени сообраќајни контроли што се преземаат секојдневно на патиштата низ земјава, останува заклучокот дека непочитувањето на прописите по однос на паркирањето, пречекорувањето на брзината на движење и возењето без возачка дозвола се прекршоци што најчесто ги прават учесниците во сообраќајот во државава, наведуваат од МВР.

Поврзани содржини