РАСТОТ НА ПЛАТИТЕ ВО ВРЕМЕ НА ОВАА ВЛАДА Е ЗА 75% ПОВИСОК ОД ВРЕМЕТО НА СДСМ Стојановски пресмета дека просечната нето-плата последните две години секој месец растела за 314 денари

Пратеникот пресмета дека во првите две години на ВМРО - ДПМНЕ растот на просечната нето-плата во денари е околу 3,15 пати поголем во периодот на владата на СДСМ/ДУИ.

1

Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ Бојан Стојановски направи споредба колку растеле платите во земјава во првите две години од мандатот на СРСМ и ДУИ и  првите две години од мандатот на сегашната влада на ВМРО-ДПМНЕ.

Стојановски, во пост на Фејсбук, вели дека за таа цел ги користел податоците за просечната нето-плата според Државниот завод за статистика.






Податоците, вели тој, покажуваат дека процентуалниот раст во првите две години на ВМРО – ДПМНЕ е околу 75% повисок од процентуалниот раст во првите две години на СДСМ/ДУИ.

СДСМ–ДУИ:

– јуни, 2017 година: 22.808 денари → јуни 2019 година 25.205 денари.

Раст: +2.397 денари, односно околу +10,5%.

ВМРО – ДПМНЕ:

– јули, 2024 година: 40.961 денар → јули, 2026 година  48.499 денари.

Раст: +7.538 денари, односно околу +18,4%.

Апсолутната разлика во растот е:

– 7.538 − 2.397 = 5.141 денар.

-Ако споредиме на просечно месечно ниво, просечната исплатена нето плата во времето на СДСМ/ДУИ растела 100 денари на месец, а за истиот период во време на ВМРО – ДПМНЕ 314 денари на месец. Односно, во првите две години на ВМРО – ДПМНЕ растот на просечната нето-плата во денари е околу 3,15 пати поголем во периодот на владата на СДСМ/ДУИ.

Поврзани содржини