РАДОСТА ТРЕБА ДА СЕ СПОДЕЛИ СО СИТЕ Велигденски ручек за семејства од социјален ризик во Кисела Вода
Градоначалникот на Општина Кисела Вода, Орце Ѓорѓиевски заедно со хуманитарната организација „Свети Спас“, предводена од отец Оливер организираа велигденски ручек за сограѓаните од социјален ризик.
Градоначалникот на Општина Кисела Вода, Орце Ѓорѓиевски заедно со хуманитарната организација „Свети Спас“, предводена од отец Оливер организираа велигденски ручек за сограѓаните од социјален ризик.
– Велигден е празник над празниците, на победата на животот над смртта, ден на благослов, благодарност, на подадена рака и најрадосен ден. И бидејќи радоста треба да се сподели со сите, денес поделивме Велигденски ручек за нашите сограѓани од социјален ризик, а во соработка со хуманитарната организација „Св. Спас” и нејзиниот предводник, мојот драг пријател отец Оливер, како и дел од мојот тим. Да правиме што повеќе добрини и да не очекуваме ништо за возврат бидејќи Бог ќе нè награди. Да го славиме животот и да сме благодарни за секој нов ден. Честит Велигден, да сте здрави и живи – порача Ѓорѓиевски.