„РАЈАНЕР“ ОТПАЃА, НО ДОАЃААТ 5 НОВИ АВИОЛИНИИ Ова лето ќе се патува до Сицилија, Сардинија, Виена, Краков и до Вроцлав

Иако пропаднаа разговорите со „Рајанер“, Владата најави 5 нови летови од Скопје и од Охрид за претстојното лето. Министерот за транспорт порача дека Македонија нема да дозволи една компанија да добива привилегии на штета на останатите авиопревозници.

2

Иако не беше постигнат договор со нискобуџетната авиокомпанија „Рајанер“, Владата продолжува со отворање на нови авиолинии и проширување на мрежата на летови од македонските аеродроми, потенцира вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски, кој најави 5 нови дестинации ова лето.

Николоски истакна дека државата останува отворена за соработка со сите авиокомпании, но нема да прифати условувања кои би биле на штета на останатите авиопревозници и на државните интереси.






– Даваме субвенција од 9 евра за секој странски патник кој пристигнува на скопскиот аеродром и 12 евра за охридскиот. Ако сакаат да учествуваат, вратата е отворена. Но, не можеме да прифатиме уцени, укинување на други линии во нивна корист и субвенции кои би биле два ипол пати повисоки само за една компанија – рече Николоски.

Вицепремиерот откри дека во моментов се водат разговори со други заинтересирани авиокомпании, додавајќи дека Македонија е единствената земја во регионот која отвора нови авиолинии во период кога светската авиоиндустрија се соочува со сериозна криза.

– Ние сме единствена земја во целиот регион којашто отвара нови авиолинии и во следниов период ќе има 5 нови, и тоа: Аустриа Ерлајнс ќе лета директно Виена-Охрид, во јуни месец почнуваат две дестинации од Краков и Вроцлав во Полска до Охрид, а во текот на јуни месец почнуваат две одлични летни дестинации од скопскиот аеродром, едната е Палермо-Сицилија, а втората е Алгеро-Сардинија, така што отвараме 5 нови рути во најголемата криза која што и’ се случила на авиоиндустријата било кога видена – изјави Николоски.

Министерот информираше и дека Визер ќе стационира седми авион на скопскиот аеродром, а компанијата веќе размислува и за воспоставување база на охридскиот аеродром.

Во однос на резервите со керозин, тој исткана дека имаме резерви со кериозн и над законскиот минимум, други аеродроми се снабдуваат од кај нас што подразбира дека состојбата е стабилна.

Поврзани содржини