СТАНУВА ЗБОР ЗА ГОЛЕМА КОЛИЧИНА ПОДАТОЦИ, АНАЛИЗАТА Е ВО ЗАВРШНА ФАЗА За случајот „шпионажа“ МВР добила две наредби од Обвинителството

Наредбите, издадени во февруари и во март 2026 година, се однесуваат на детална анализа на електронски доказен материјал поврзан со конкретен случај, при што е извршена екстракција на податоци од одземена техничка опрема – информира МВР.

1,034

Секторот за компјутерски криминал при Министерството за внатрешни работи соопшти дека активно постапува по две официјални наредби добиени од Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција – се вели во соопштение на МВР дистрибуирано до медиумите во врска со наводниот случај на шпионажа во кабинетот на шефот на државата.

Наредбите, издадени во февруари и март 2026 година, се однесуваат на детална анализа на електронски доказен материјал поврзан со конкретен случај. Во рамки на постапката, од страна на надлежните органи е извршена екстракција на податоци од одземена техничка опрема.






Од МВР информираат дека количината на дигитални докази е значителна, поради што нивната обработка бара подолг временски период и внимателна техничка анализа.

Според последните информации, процесот е во завршна фаза и се очекува во следниот период целиот обработен материјал да биде доставен до обвинителството за понатамошно постапување.

Институциите нагласуваат дека по финализирањето на анализата, јавноста ќе биде соодветно информирана за резултатите и понатамошниот тек на случајот.

„Во тек е анализа на сите електронски докази кои се екстрахирани од одземената опрема. Напоменуваме дека станува збор за поголема количина на електронски доказен материјал за кој е потребен поголем временски период“ – се вели во соопштението на МВР.

Претходно Обвинителството за организиран криминал и корупција потврди дека уште од декември лани води предистражна постапка за сомнежи за шпиунажа и недозволени активности во Кабинетот на претседателката Гордана Сиљановска-Давкова.

Од ОЈО велат дека со месеци бараат анализи, видеоснимки и податоци од МВР, но дека досега немаат добиено повратни информации за резултатите од истрагата.

ИСТРАГАТА БИЛА ПОЧНАТА ПО ПРВИТЕ ИЗВЕСТУВАЊА ОД МВР Обвинителството со месеци чека одговор за шпионската афера во Кабинетот на претседателката 

Поврзани содржини