ПОЛИЦИЈАТА ЌЕ ГИ ТРГА ПАРКИРАНИТЕ ВОЗИЛА ОД ТУРИСТИЧКА Засилени мерки пред средбата на лидерите во Охрид

Мерките почнуваат пред средбата на лидерите на земјите учеснички во процесот Брдо-Бриони, закажана за 27 ноември. Контролите ќе ги опфатат и магистралните, регионалните и локалните патишта.

4

Возачите во Охрид од денеска ќе мора да внимаваат каде ги запираат и паркираат возилата. Полицијата воведува засилени контроли на булеварот Туристичка, каде што ќе биде забрането запирање и паркирање, во пресрет на самитот на лидерите на земјите учеснички во процесот Брдо-Бриони, кој ќе се одржи на 27 ноември.

Полициските службеници од Полициската станица за безбедност во патниот сообраќај – Охрид ќе контролираат од двете страни на булеварот. Тие ќе ги предупредуваат сопствениците на патничките и другите моторни возила дека не смеат да запираат и да паркираат, ниту да користат една од коловозните ленти како паркинг-простор.






Контролите ќе се засилуваат како што се приближува денот на самитот, а нема да бидат ограничени само на Туристичка. Полицијата ќе ги опфати и магистралните, регионалните и локалните патишта, како и другите делови од градот.

Од СВР Охрид најавуваат дека јавноста навреме ќе биде информирана за дополнителните активности поврзани со безбедносните мерки.

Од полицијата апелираат до возачите да ги почитуваат насоките на полициските службеници и да не ги оставаат возилата на места каде што тоа е забрането.

Поврзани содржини