ПОРАСТ НА НЕИЗЛЕЧИВИОТ РАК НА ДОЈКА КАЈ ПОМЛАДИТЕ ЖЕНИ Загрижувачки резултати за зголемувањето на страшните дијагнози

Научниците велат дека сè уште не знаат на што се должи овој тренд, но, како можни фактори ги посочуваат промените во скринингот, дебелината, жените што раѓаат деца подоцна во животот и изложеноста на хемикалии што ги нарушуваат хормоните, а се наоѓаат во пластиката.

0

Мистериозниот пораст на неизлечивиот рак на дојка кај помладите жени предизвика тревога кај експертите. Една голема американска студија покажа дека дијагнозите на рак на дојка во стадиум 4 (кога болеста веќе се проширила во телото и повеќе не може да се излекува), се искачиле за речиси 18 проценти во текот на последната деценија.

Најголем пораст е забележан кај жени под 40 години и покрај тоа што ракот на дојката традиционално е почест кај постарите пациенти. Особено загрижувачко е зголемувањето на тројно негативните тумори, една од најсмртоносните и најтешки за лекување форми на ракот, која убива девет од десет пациенти кога ќе се дијагностицира во напредна фаза.






Научниците велат дека сè уште не знаат на што се должи овој тренд, но, како можни фактори ги посочуваат промените во скринингот, дебелината, тоа што жените раѓаат деца подоцна во животот и изложеноста на хемикалии што ги нарушуваат хормоните, а се наоѓаат во пластиката.

– Денес, во САД има речиси 170.000 жени што живеат со напреднат рак на дојка, а се очекува бројот значително да стане поголем во следната деценија – предупредува д-р Лорен К. Пињеиро, интернист во медицинскиот центар „Вајл Корнел“ во Њујорк, која не учествувала во студијата и додава:

– Авторите инсистираат итно да се идентификуваат причините за зголемените дијагнози во напредна фаза, што треба да послужи како повик за дополнителни истражувања за здравјето на населението во оваа растечка група пациенти.

Повеќе за ова прочитајте на порталот „Мајка и дете“.

Поврзани содржини