АМБАСАДОРОТ НАКЛОНЕТ КОН ДУИ ОСТАНУВА ВО СКОПЈЕ Тирана вели дека не се планира смена на Меидани

Коментарите во медиумите не ја одразуваат реалноста, а уште помалку институционалниот процес што се следи во вакви случаи – соопшти албанското ресорно министерство.

2

Министерството за Европа и надворешни работи на Албанија реагираше на извештаите и коментарите поврзани со можното преместување на Денион Меидани, амбасадор на Албанија во РС Македонија. Некои медиуми објавија за можното заминување на Меидани, додека други најавија ротација во дипломатијата, односно именување на Меидани за амбасадор во Приштина, а доаѓање на Петрит Малај од Приштина во Скопје.

Преку официјална реакција, од албанското МНР истакнаа дека дипломатските движења се реализираат согласно важечкото законодавство, регулаторната рамка на надворешната служба и дипломатските практики.






– Овие процеси се темелат на професионални и институционални анализи, со цел што поефикасно користење на човечките ресурси, во согласност со приоритетите на надворешната политика на Република Албанија. Соодветното донесување одлуки вклучува координација и консултации со надлежните државни институции. Коментарите во медиумите не ја одразуваат реалноста, а уште помалку институционалниот процес што се следи во вакви случаи. Особено, претпоставките или толкувањата претставени како факти се целосно неосновани и не заслужуваат понатамошно внимание – Алтео Хиси од МНР на Албанија.

Гласините за повлекување или замена на Меидани уследија по двата протести на албанските студенти од Македонија, кои бараат правосудниот испит да се полага и на албански јазик, барање што ја доби и поддршката од амбасадорот на Албанија.

Од Вреди велат дека во ниту еден момент немале какво било барање до албанската држава за повлекување на амбасадорот Меидани. Ко-претседателот на Вреди Билал Касами, изјави дека албанската држава одлучува за ова прашање, но и ја критикуваше работата на Меидани велејќи дека „тој повеќе штити некои политички групации, отколку Албанците во Македонија, што за жал се гледа.

– Сепак, тоа е работа и ангажман што треба да го оцени албанската држава, Министерството за надворешни работи на Албанија, кои го именувале и кои ја прават проценката за неговата работа. Во ниту еден момент Влен и Владата не се мешале во надлежностите на соседна држава, во овој случај Албанија – изјави Касами.

АЛБАНСКИОТ АМБАСАДОР ВО СКОПЈЕ ПРЕД ОТПОВИКУВАЊЕ? Јавно ги поддржал протестите за полагање правосуден испит на албански јазик

Поврзани содржини