ПРОТЕСТОТ ЗА ПРАВОСУДНИОТ ПАДНА НА ИСПИТОТ НА ПОЛИТИЧКА КОРЕКТНОСТ Да се полага на албански или да се заборави на сѐ македонско?
На протестот доминираа албански знамиња, како и знамиња на ЕУ и САД. Не можеше да се забележи ниту едно македонско државно знаме. Покрај бројните знамиња и транспаренти со радикални пораки, дел од учесниците покажуваа „орли“ и извикуваа „УЧК, УЧК...“.
Неколку илјади студенти Албанци, како и граѓани од сите возрасти, попладнево одржаа протест во центарот на Скопје на кој побараа да се дозволи полагање на правосудниот испит на албански јазик во Македонија.
Покрај нивните барања, внимание привлече иконографијата на протестот – бројните албански знамиња и транспаренти, покажување „орли“ со раце, а дел од учесниците извикуваа „УЧК, УЧК…“. Според регистарските таблички на возилата паркирани околу Чаршијата, на протестот имаше и бројни учесници дојдени од соседно Косово.
На протестот доминираа албански знамиња, како и знамиња на ЕУ и САД. Не можеше да се забележи ниту едно македонско државно знаме.
Беа истакнати повеќе транспаренти со политички и етноцентрични пораки: „Студентите не се предаваат“, „Овој јазик има маченици зад себе“, „Не ми ја допирајте иднината“, „Знаењето нема забранет јазик“, „Политиката го зароби Уставниот суд“…
Демонстрантите се собраа собраа на плоштадот на влезот во Скопската чаршија, продефилираа на улицата Македонија и плоштадот Македонија, а потоа преку Камениот Мост се вратија назад.
„Обединете се со студентите – сите заедно“, гласеше главниот слоган на протестот, кој е втор по ред организиран од студентите-Албанци, како резултат на, како што велат, отфрлањето на нивното барање за полагање на правосудниот испит на албански јазик.
Неколку часа пред студентскиот протест, премиерот Христијан Мицкоски имаше средба со копретседателите на Вреди Билал Касами и Изет Меџити по која беше соопштено дека „институциите активно работат на изнаоѓање решенија, кои ќе бидат целосно усогласени со Уставот и со Законот за употреба на јазиците, со цел обезбедување правна сигурност и функционалност“.
По состанокот на Касами и Беџити со Мицкоски нивната партија најави „добри вести поврзани со прашањето за полагањето на правосудниот испит на албански јазик,“.
Во сооппштението на партијата се вели дека „Вреди докажува дека прашањата на Албанците не се решаваат со празни декларации ниту со политички импровизации, туку со конкретна институционална работа“ и дека „решенијата нема да бидат половични, туку целосни, применливи и долгорочни, во интерес на студентите и на сите граѓани“.