ПРОНАЈДЕНА МРТВА ПО ГАСЕЊЕТО НА ПОЖАРОТ Женско тело најдено во една од собите на запалената куќа

Пожарот избувнал во понеделникот попладне во куќа во Пирава. При гасењето, во една од собите било пронајдено телото на 69-годишна жена.

0

69-годишна жена загина во пожар што избувнал во куќа во валандовското село Пирава.

Пожарот бил пријавен вчера околу 17:55 часот, по што на местото пристигнале екипи за интервенција. При гасењето, во една од собите било пронајдено безживотното тело на Е.О.(69), жителка на селото.






Смртта ја констатирала екипа на Итната медицинска помош од Валандово.

На местото бил извршен увид, а за случајот бил известен и јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Гевгелија.

Засега нема официјални информации за причината за избувнувањето на пожарот, ниту за околностите под кои настанала трагедијата. Се очекува со увидот и понатамошната истрага да бидат утврдени причините за пожарот и смртта на 69-годишната жена.

Поврзани содржини