ПРИМИРЈЕТО Е САМО ОДМОР ЗА УКРАИНСКАТА ВОЈСКА Путин во текот на денот ќе даде конкретни оценки за предлогот за прекин на огнот?

Претставниците на САД разбираат дека во контекст на мирно решение не може да се зборува за членство на Украина во НАТО и додаде дека е во постојан телефонски контакт со американскиот колега Мајк Волц, помошникот на претседателот на Русија, Јуриј Ушаков.

319

Помошникот на претседателот на Русија, Владимир Путин, за меѓународни прашања, Јуриј Ушаков, денеска изјави дека предлогот за 30-дневен прекин на огнот „не е ништо повеќе од привремен одмор за украинската армија“, објави британски Гардијан.

– Русија бара долгорочно мирно решение на конфликтот во Украина што ќе ги земе предвид интересите и грижите на Москва – рече Ушаков.






Тој посочи дека претставниците на САД разбираат дека во контекст на мирно решение не може да се зборува за членство на Украина во НАТО и додаде дека е во постојан телефонски контакт со американскиот колега Мајк Волц.

Ушаков не ја исклучи можноста Путин во текот на денот да даде поконкретни оценки за предлогот за привремен прекин на огнот во Украина.

Претходно денеска, Русија им претставила на САД список со барања за договор за прекин на војната со Украина и за ресетирање на односите со Вашингтон.

Два неименувани извори ги опишаа условите на Кремљ како широки и слични на барањата што Русија претходно ги постави кон Украина, САД и кон НАТО.

ПУТИН МУ ИСПРАТИ НА ТРАМП ЛИСТА СО БАРАЊА ЗА МИР ВО УКРАИНА Американски преговарач оди во Москва

Поврзани содржини