ПОЖАР ИЗБУВНА ВО СТАН ВО ЦЕНТАР Се запалил кујнски аспиратор
Пожарот настанал од електричен уред, односно кујнски аспиратор. Интевенирано е со две возила и седум пожарникари. Повредени нема, само материјална штета, кажа командирот на Противпожарната бригада.
Пожар избувнал денеска во стан во зграда на 5-ти кат, во самиот центар на градот Скопје. Во гаснењето интервенирала единица на Противпожарната бригада. Повредени нема, изјави за МИА командирот на Против – пожарната бригада на Град Скопје Ѕвонко Томевски.
– Станува збор за пожар во станбена зграда на 5-ти кат, на булевар Кочо Рацин, веднаш до Домот на синдикатите. Пожарот настанал од електричен уред, односно кујнски аспиратор. Интевенирано е со две возила и седум пожарникари. Повредени нема, само материјална штета – кажа командирот Томевски.