ПОВРЕДЕН МАШИНОВОЗАЧ ПО СУДИР НА ДВЕ ЛОКОМОТИВИ ВО ВЕЛЕС При паркирање удрил во паркирана композиција, полицијата истражува

27-годишен машиновозач е повреден откако локомотива удрила во друга паркирана композиција при маневрирање пред Железничката станица во Велес.

0

Два локомотиви се судриле рано утринава пред Железничката станица во Велес, при што е повреден 27-годишен машиновозач.

Од Министерството за внатрешни работи информираат дека на 16 јули 2026 година, околу 04:00 часот, во СВР Велес од Ургентниот центар при ЈЗУ „Општа болница“ – Велес било пријавено дека кај нив со телесна повреда бил донесен Т.Р. (27) од Велес.






Според првичните информации, несреќата се случила околу 03:00 часот пред Железничката станица во Велес, при преместување на влечни локомотиви од еден на друг колосек.

Во текот на маневрирањето, една локомотива удрила во друга паркирана локомотива, во која се наоѓал машиновозачот Т.Р., кој при судирот се здобил со телесна повреда.

На местото на настанот увид извршила увидна екипа од СВР Велес, а се утврдуваат сите околности под кои дошло до несреќата.

Поврзани содржини