📽️ СУДИЈАТА ЗА МУНДИЈАЛСКОТО ФИНАЛЕ БИЛ ДЕЛ ОД СКАНДАЛ СО ОРГИИ „Тој ручек беше моја најголема грешка“
Додека ФИФА го подготвува за најголемиот натпревар во кариерата, дел од светските медиуми повторно потсетуваат на настанот од 2020 година кога Славко Винчиќ беше приведен во полициска рација во БиХ, но подоцна беше ослободен без обвинение.
Додека ФИФА го подготвува за најголемиот натпревар во кариерата, дел од светските медиуми повторно потсетуваат на настанот од 2020 година кога Славко Винчиќ беше приведен во полициска рација во БиХ, но подоцна беше ослободен без обвинение.
Славко Винчиќ в недела ќе ја дели правдата на финалето на Светското првенство меѓу Аргентина и Шпанија, но англиските медиуми деновиве не пишуваат само за неговата судиска кариера.
„Дејли мејл“ потсети на скандалот од 2020 година, кога словенечкиот арбитер се нашол во центарот на голема полициска акција во Босна и Херцеговина.
„Тоа беше мојата најголема грешка“
Винчиќ тогаш бил приведен заедно со повеќе лица во рација на ранч во близина на Бијелина. Меѓу приведените била и српската старлета Тијана Максимовиќ, попозната како Тијана Ајфон, која подоцна се изјасни за виновна по обвинение поврзано со посредување во проституција. Истрагата се сомневала и во врски со шверц на дрога и поседување оружје.
Словенецот, пак, не беше обвинет за никакво кривично дело и по распитот беше пуштен на слобода.
– Случајно се најдов на овој ранч. Имам своја компанија и бев во Босна и Херцеговина на деловен состанок. Прифатив покана за ручек, што се покажа како моја најголема грешка – изјави тогаш Винчиќ за словенечките медиуми.
The referee who will officiate the World Cup final, Slavko Vinčić, was detained in 2020 for ties to prostitution, drug trafficking, and possession of weapons.
Surely FIFA could have found a better person to carry out their corruption. pic.twitter.com/kZhshdAooW
— THE DUKE OF MADRID II (@thedukeofmadrid) July 17, 2026
Тврди дека не познавал никого од групата
Судијата објасни дека на локацијата дошол по покана на деловни партнери и дека немал никаква врска со лицата кои биле предмет на истрагата.
– Немам никаква врска со групата што беше уапсена и приведена. Бевме испрашувани како сведоци и кога се покажа дека не ги познаваме, бевме ослободени – рече Винчиќ.
Во негова одбрана тогаш застана и Здружението на фудбалски судии на Словенија, кое соопшти дека против него не била покрената никаква постапка.
Од скандал до најголемиот натпревар во светот
Шест години подоцна, таа епизода останува единствениот поголем скандал што се поврзува со името на словенечкиот арбитер.
Во меѓувреме Винчиќ стана еден од најценетите европски судии. Го судеше финалето на Лигата на шампионите во 2024 година, а сега доби и доверба од ФИФА да го води најважниот натпревар во светскиот фудбал.