ПОТКУПЛИВАТА ПРОФЕСОРКА ДОБИ ЗАБРАНА ДА РАБОТИ НА ФАКУЛТЕТОТ ВО ШТИП Обвинителството ѝ ги одзеде пасошот

На 16 јуни, откако студент не покажал доволно знаење за да го положи испитот кај неа, таа директно му побарала пари во износ од 300 евра, за да му напише шестка со која тој би го положил испитот, соопшти Јавното обвинителство.

2

Основното јавно обвинителство Штип донесе наредба за спроведување истражна постапка против 38-годишна жителка на Кочани осомничена за кривично дело Примање поткуп , соопшти Јавното обвинителство.

„Осомничената како лице кое врши работи од јавен интерес, односно доцент на Универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип, директно за себе побарала корист – парични средства, за да изврши дејствие што не би смеела да го изврши. На 16 јуни, откако студент не покажал доволно знаење за да го положи испитот кај неа, таа не му впишала оценка во индексот и во електронскиот систем дека не положил, туку директно побарала пари во износ од 300 евра, за да му напише шестка со која тој би го положил наведениот испит. На 29 јуни во нејзината канцеларија ги примила парите од студентот, така што му дала инструкции да ги остави на помошната маса, помеѓу скрипта и еден лист бела хартија, а во индексот му запишала преодна оценка“, соопшти Обвинителството.






Јавниот обвинител до судијата на претходна постапка достави предлог за определување неколку мерки на претпазливост – забрана на напуштање на живеалиштето, односно престојувалиштето, обврска на осомничената да се јавува во судот, привремено одземање патна исправа, забрана за приближување или воспоставување, односно одржување контакти или врски со студентот, како и забрана за вршење на работни активности на факултетот.

УНИВЕРЗИТЕТСКА ПРОФЕСОРКА „ПАДНАЛА“ ЗА 300 ЕВРА Побарала пари да пушти студент на испит, полицијата ја уапси

Поврзани содржини