СДСМ СО 10.000 АМАНДМАНИ ПРОТИВ МАКЕДОНСКАТА ДИЈАСПОРА Што толку им пречат граѓаните кои живеат надвор, прашува Панова
На следните избори, наместо фактор, СДСМ ќе биде само статистика, објави пратеничката на ВМРО-ДПМНЕ, Ели Панова.
СДСМ повторно избра да ги кочи процесите наместо да понуди решенија – додека декларативно зборуваат за демократија, во пракса го блокираат Изборниот законик и можноста Македонците од дијаспората полесно да го остварат своето право на глас, објави пратеничката на ВМРО-ДПМНЕ, Ели Панова.
„10.000 амандмани против македонската дијаспора! Што има СДСМ против дијаспората!? Што толку им пречат граѓаните кои живеат надвор од Република Македонија!? Секој обид да се спречи волјата на народот е однапред осуден на неуспех. Може да го блокираат Собранието, но не можат да ја блокираат одлуката на граѓаните. На следните избори, наместо фактор, СДСМ ќе биде само статистика“, објави партеничката Панова на Фејсбук.