ЛИНА ЗАГУБИ НА ВИМБЛДОН ОД АНИСИМОВА, НО НЕ РАЗОЧАРА Ѓорческа го испиша најголемиот успех во кариерата
Лина Ѓорческа испиша историја како прва Македонка во главната фаза на Гренд слем турнир, а и покрај поразот од шестата носителка Анисимова, нејзиниот настап на Вимблдон останува еден од најголемите успеси во македонскиот тенис.
Нашата најдобра тенисерка Лина Ѓорческа денес го одигра својот историски прв натпревар на еден Гренд слем турнир, настапувајќи на легендарниот Вимблдон, со што испиша ново поглавје во македонскиот тенис.
И покрај поразот во првото коло, Ѓорческа доби огромна поддршка од јавноста, бидејќи стана првата тенисерка од Македонија која настапила во главната фаза на еден Гренд слем турнир во сингл конкуренција, како во машка така и во женска категорија претставувајќи историски успех за земјата.
Во денешниот дуел, Лина играше против една од најдобрите тенисерки во светот, шестата носителка и ланска финалистка на Вимблдон, Американката Аманда Анисимова.
Мечот започна со сервис на Анисимова која поведе со 1:0 во гемови, по што Ѓорческа веднаш возврати за 1:1, но првиот сет заврши во корист на Американката со 6:3.
Во вториот сет, македонската тенисерка стартуваше одлично и поведе со 1:0, а во текот на сетот успеа да спаси и една меч-топка на свој сервис, покажувајќи борбеност и карактер.
Сепак, Анисимова ја потврди својата класа и го доби вториот сет со 6:2, со што го затвори натпреварот.
Иако дуелот траеше релативно кратко, настапот на Ѓорческа останува историски момент за македонскиот спорт, а нејзиниот пласман на Вимблдон претставува силен поттик за идните генерации тенисери.