Некој зборува за милионски инвестиции, некој се служи со дезинформации

Кога сме кај прагматиката, би сакал да дадам пример како функционира една Норвешка. Сите читаат како оваа прекрасна држава до крајот на 2030 година, а можеби и порано ќе имаат електрични возила и нема да користат фосилни горива во сообраќајот. Ова бара пари. Како оваа некогаш рибарска држава дошла до степен на најразвиена економија? Многу едноставно.

0

Одлуката на Вишиот Управен Суд за уважување на спојување на двете концесии на рудникот Иловица-Штука, чија сопственост е на фирмата „Еуромакс Ресурсес“, дава значаен поттик во економскиот развој на Македонија и силен сигнал дека во нашата држава постојат институции кои им пружаат правната заштита на инвеститорите. За да можеме да се разбереме.

Главен акционер во оваа фирма „Еуромакс Ресурсес“ е мултимилијардерската компанија (говорам во евра) Трафигура, компанија која тргува со метали, гас и нафта. Нивниот годишен финансиски промет секоја година е во просек 250 милијарди евра. Да не заборавам дека еден од акционерите е и Европската Банка за Обнова и Развој.






Ваков тип на фирма со сериозен капитал досега не се појавил на нашиот пазар. Затоа нејзиниот влез не е само финансиски, туку и стратешки знак за привлекување на дополнителни инвеститори. Да поедноставам. Ова е еден убав збор за квалитетната инвеститорска клима во Македонија, на места каде ние како држава реално сакаме да сме присутни и да ни отворат врати.

Кога самопрогласените екологисти ја започнаа кампањата дека ќе се отруе Македонија, со сите дезинформации на кои дел од нив ќе обратам внимание подолу, нашите чинители од парламентарниот и вонпарламентарниот политички пејсаж мора да ги земат предвид меѓународните економски текови и заедно да заклучат дека економската стабилност е прагматика, додека заштитата на животната средина од лица кои немаат елементарно образование за било кој техничко технолошки процес не е просто романтика, туку е и насочена дезинформација која има своја позадина.

Кога сме кај прагматиката, би сакал да дадам пример како функционира една Норвешка. Сите читаат како оваа прекрасна држава до крајот на 2030 година, а можеби и порано ќе имаат електрични возила и нема да користат фосилни горива во сообраќајот. Ова бара пари. Како оваа некогаш рибарска држава дошла до степен на најразвиена економија? Многу едноставно.

Гасот од Норвешка учествува со 54,4% од увозот во Европската Унија преку гасоводи.

Во однос на увоз на нафта Европската Унија најмногу влечеше од САД, а уделот во вкупниот увоз беше 17,8%. На второ место е Норвешка со 16,6%.

Норвешка го пронајде најголемото наоѓалиште во светот на своја територија за фосфор, кој најмногу се користи за земјоделско ѓубриво. Само да дадам приказ. Норвешка има резерви повеќе од сите досегашни познати наоѓалишта заедно и на основ на овие параметри Европската Унија има загарантирано производство за минимум 100 години.

Ваквата норвешка економска прагматика доаѓа со комплетна развиеност на нови достапни технологии за заштита на животна средина. Токму таквите технологии фирмата Трафигура не само што ги има за себе на дланка, туку и ќе ги вложи кај нас преку образование на кадри од Македонија, зашто локалното население и е повеќе од важно.

За разлика од економската прагматика која секогаш би ја практикувал, како држава ние си имаме романтичари екологисти кои работат со дезинформации за комплетна економска дисквалификација на Македонија.

Еве на овие дезинформатори кои им се идоли.

Во последниве денови во Европа се случува топлотен удар и досега информациите велат дека починале 1300 лица на нејзино тло. Посебно во држави кои не се научени на вакви температури Франција, Германија, Велика Британија итн.

И сега функционерите од крајно левичарските и зелените партии обвинуваат од нивните разладени кабинети дека секој граѓанин од овие држави кој ќе купи клима уред е краен десничар. Морал да трпи за да ја разберел големата слика. Ова важи и за болници каде има да чекате на 35 степени целзиусови во предоперативни сали. Стариот концепт на ладење не предвидувал климатизации, па сега дома ќе трпам заради француската министерка Моник Барбут која е вџашена како тоа се купувале клима уреди?! Ваква морална нелагодност во весникот „Гвардијан“ споделува и новинарката Ема Бедингтон која вели дека климатизацијата е „филозофски проблематична“. Со други зборови,  филозофијата е следна „Слободно можете да умрете, ние сме со Вас“.

Како нашиве ја дезинформираат јавноста?

Во наредните петстотини години ќе течело киселина и ќе имало пет сантиметри прашина од рудникот низ струмичката котлина и дека ќе имало брана како хидројаловиште… Каква измама.

Прво, од економски аспект, но и од аспект на заштита на животната средина. Како општествено одговорна фирма Трафигура ја прифати идејата на вистински експерти од Македонија за користење на сува постапка, со која одлагањето ќе биде во вид на „пити“ со атмосферска влажност. Металурзите и рударите со новите технологии ја избегнуваат водата, освен за употреба на соодветни количини кои нема да го наруши биодиверзитетот на околината. Тоа го соопштија првпат на крајот од 2023 година и го потврдија повторно сега пред неколку дена.

Во однос на измамата дека прашината што ќе се разлетала ќе ја загадела котлината, одговорот е многу едноставен – во нејзе е металот и нема таков рударски или металуршки инжинер кој би си дозволил таква загуба зашто тоа чини пари. За киселината која ја споменуваат дополнително во следната колумна техничко-технолошки ќе биде објаснето и разјаснето со каков тип на измамнички дезинформации се користат овие личности.

Велат имале референдуми кои биле успешни. Уште една измамничка дезинформација, бидејќи Уставниот суд ги поништи бидејќи се противуставни.  Инаку, истите јасно и недвосмислено во континуитет се закануваат на државата со девизата: „Рудници нема да има, нема да копате“.

Поврзани содржини