ЕДС ЈА ПРОДОЛЖУВА ПРОМОТИВНАТА КАМПАЊА Две години фиксна цена на струја и подарок Hisense клима уред или Segway електричен тротинет

Интересот за кампањата досега е исклучително голем. Само во рамки на актуелната понуда, на клиентите кои склучија договор со ЕДС веќе им се доделени повеќе од 200 Hisense инвертер клима уреди и 20 Segway електрични тротинети.

1

Поради исклучително големиот интерес од страна на компаниите, ЕДС ја продолжува и во текот на летниот период својата промотивна понуда за снабдување со електрична енергија со гарантирана фиксна цена во период од 2 години, надополнета со избор на вреден подарок – Hisense инвертер клима уред или Segway електричен тротинет.

Понудата, која е единствена од ваков вид на домашниот пазар, им овозможува на компаниите да обезбедат долгорочна стабилност на трошоците за електрична енергија, да се заштитат од евентуални пазарни флуктуации и истовремено да добијат дополнителна вредност за својот бизнис.






Интересот за кампањата досега е исклучително голем. Само во рамки на актуелната понуда, на клиентите кои склучија договор со ЕДС веќе им се доделени повеќе од 200 Hisense инвертер клима уреди и 20 Segway електрични тротинети. Дополнително, во рамки на претходната промотивна активност, која вклучуваше подарок кафе машина, ЕДС додели повеќе од 400 апарати на своите клиенти.

– Задоволни сме што компаниите ја препознаваат вредноста на понудата што ја креиравме. Денес, повеќе од кога било, бизнисите имаат потреба од предвидливост и сигурност во планирањето на своите трошоци. Со фиксна цена за период од две години, клиентите добиваат стабилност, а преку изборот на подарок и дополнителна вредност која сакаме да ја понудиме како знак на долгорочно партнерство и доверба – изјави Александар Сарџовски, главен извршен директор на ЕДС.

Од компанијата посочуваат дека инвертер клима уредите претставуваат и енергетски ефикасно решение за ладење и греење, кое може да придонесе за дополнително намалување на потрошувачката на електрична енергија и на емисиите поврзани со конвенционалните начини на греење.

Како дел од PPC Group, една од најголемите енергетски групации во Југоисточна Европа, ЕДС продолжува да развива иновативни производи и услуги со кои на компаниите им овозможува поголема предвидливост, конкурентност и сигурност во услови на динамичен енергетски пазар.

Сите заинтересирани компании можат да побараат бесплатна пресметка за потенцијалните заштеди и персонализирана понуда преку веб-страницата на ЕДС, на телефонскиот број 02 55 14 100 или на e-mail адресата [email protected].

Поврзани содржини