УНИВЕРЗИТЕТСКА ПРОФЕСОРКА „ПАДНАЛА“ ЗА 300 ЕВРА Побарала пари да пушти студент на испит, полицијата ја уапси

Полицијата во Штип уапси универзитетска професорка која, според пријава од студент, побарала 300 евра за да му овозможи да положи испит.

60

Професорка на Универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип е лишена од слобода под сомнение за примање поткуп, откако од студент побарала и примила пари за да му овозможи да положи испит.

Како што информираат од Министерството за внатрешни работи, на 29.06.2026 година во 11:45 часот, полициски службеници од СВР Штип ја лишиле од слобода Т.А. (39) од Штип, поради постоење основи на сомнение дека сторила кривично дело „примање поткуп“.






Случајот започнал откако на 22.06.2026 година К.Б. (26) од Турција, со привремен престој во Штип и студент на Универзитетот „Гоце Делчев“, пријавил дека професорката побарала 300 евра за да му овозможи да положи испит кој дополнително требало да го полага на 29.06.2026 година.

Во координација со Основното јавно обвинителство Штип, биле преземени мерки и на студентот му биле предадени крим-технички обработени три банкноти од по 100 евра.

Професорката била лишена од слобода веднаш откако ги примила парите. Таа е задржана во полициска станица, а парите се одземени како доказ.

По целосно документирање на случајот, против неа ќе биде поднесена соодветна кривична пријава.

Поврзани содржини