Половина од заразените со коронавирус во Франција се на возраст до 60 години
Во Франција вчера се потврдени 5.423 инфицирани со Ковид-19, од кои 127 починаа.
Повеќе од половината 300 инфицирани со новиот коронавирус во Франција, кои се на интензивна нега, се на возраст под 60 години, соопшти денеска Националната агенција за здравје.
– Имаме 300 сериозни случаи на одделението за интензивна нега. Имаме многу сериозни случаи помеѓу воозрасните и над 50 проценти од пациентите на интензивна нега се на возраст до 60 години – изјави Жером Саломон од Националната агенција за здравје.
Во Франција вчера се потврдени 5.423 инфицирани со Ковид-19, од кои 127 починаа.