ПОЛИЦИСКО КУЧЕ ГО ЛАЕШЕ АЛЕКСАНДАР ВУЛИН „Кучето не прави грешки, никогаш“ (ВИДЕО)
„Кучето не прави грешки, никогаш“, напиша твитерџијата до видеото, а многумина се согласија. Но, министерот за надворешни работи на Србија, Вулин, само збунето се насмеа и продолжи да патролира.
Полициско куче, германски овчар, лаеше на министерот за надворешни работи на Србија додека тој ги поздравуваше полициските единици, а сето тоа го снимил еден твитерџија чија снимка стана вирална по социјалните мрежи, пишува Индекс.
Никој не знае зошто лаеше кучето.
Pas ne greši, nikad.
♥️ pic.twitter.com/7lKz7LOFQI— Ksenija (@XeniaKsenija) October 15, 2021
„Кучето не прави грешки, никогаш“, напиша твитерџијата до видеото, а многумина се согласија.
Но, Вулин само збунето се насмеа и продолжи да патролира.
„Паметна глава“, „Кучињата никогаш не грешат. Добро е обучено“, „Не разбирам како ова не беше причина да му ги проверат џебовите. Шегата на страна, овие кучиња се обучени, кучето почна да се измолкнува од ланецот кога дојде овој“,„Снимањето е многу подолго, не застанува тука. Кучето е мирно цело време додека (Вулин) не се приближи“, „Ова би било причина да истражувам“, се само некои од коментарите под твитер-видеото.