ПОЛИЦИЈАТА ПРОНАЈДЕ ОРУЖЈЕ ВО НАПУШТЕН МАГАЦИН Антитерористичка единица интервенираше во Гази Баба

Како што информира денеска МВР, случајот вчера во полиција го пријавил граѓанин. Потоа интервенирале полициски службеници од СВР Скопје со Единицата за антитероризам и Единицата за службени кучиња.

1,271

Во напуштени магацински простории на подрачје на Гази Баба вчера полицијата пронашла 60 куршуми, 10 електрични детонаторски каписли, 11 вежбовни детонатори за рачни бомби и еден топовски удар со барут.

Како што информира денеска МВР, случајот вчера во полиција го пријавил граѓанин. Потоа интервенирале полициски службеници од СВР Скопје со Единицата за антитероризам и Единицата за службени кучиња.






Предметите се подигнати и предадени за понатамошна постапка и се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Поврзани содржини