ЅВЕЗДАТА ОД „50 НИЈАНСИ СИВО” НЕМА СРЕЌА ВО ЉУБОВТА Дакота Џонсон раскинала со дечкото и пак е сама

Додека приватниот живот повторно ѝ е во центарот на таблоидите, кариерата на актерката е во подем.

0

Американската актерка Дакота Џонсон (36) повторно е сама. Ѕвездата на филмската трилогија „50 нијанси сиво” ја прекинала врската со седум години помладиот американски музичар Такер Пилсбери, познат под уметничкото име Role Model. Извор близок до двојката за магазинот „People” потврдил дека двајцата всушност раскинале „пред извесно време”, но разделбата досега не била објавена.

Џонсон и Пилсбери првпат беа поврзани во декември минатата година, неколку месеци по нејзиното раскинување со фронтменот на „Coldplay”, Крис Мартин. Во текот на првите месеци од 2026 година беа забележувани заедно на вечери и прошетки во Лос Анџелес, а последен пат беа фотографирани заедно во април. Ниту Џонсон ниту Пилсбери официјално не ја потврдија врската, но извори блиски до нив тогаш тврдеа дека станува збор за нешто повеќе од минлива романса.






Интересно е што трагата од нивната врска остана и во музиката на Пилсбери. Дакота учествува со краток говорен дел во неговата песна „Love I You”, од новиот албум „Chuck Timely & the Hourglass”. Музичарот неодамна раскажуваше дека нејзиниот дел бил снимен практично спонтано и дека актерката одлично ја завршила работата уште од првиот обид. Во тој момент јавноста сè уште не знаеше дека нивната врска веќе завршила.

Најпознатата љубовна врска на Џонсон сепак останува онаа со Крис Мартин, која со прекини траеше речиси осум години. Двајцата почнаа да се забавуваат во 2017 година, подоцна се свршија и живееја заедно во Малибу, но во јуни 2025 година беше објавено дека дефинитивно се разделиле. Пред Мартин, Џонсон имала подолги врски со музичарот Ноа Герш, актерот Џордан Мастерсон и Метју Хит, пејачот на британскиот инди-бенд „Drowners”.

Додека приватниот живот повторно ѝ е во центарот на таблоидите, кариерата на Дакота Џонсон е во подем. Актерката која светска слава стекна како Анастасија Стил во „50 нијанси сиво” има неколку нови проекти, меѓу кои филмот „Verity”, во кој игра покрај Ен Хатавеј и Џош Хартнет. Засега таа не ја коментира новата разделба, па причините поради кои завршила нејзината кратка романса со Пилсбери остануваат непознати.

Поврзани содржини