📽️ РАСЧИСТЕН СЛУЧАЈОТ СО УНИШТУВАЊЕТО НА УЧИЛИШНИОТ ДВОР ВО ВЕЛЕС Извршени службени разговори со двајца 15-годишници

Случајот привлече внимание откако на социјалните мрежи се појави видео од оштетувањето. Претходно бeше пријавено дека се уништени спортски реквизити и тартан-подлогата на ракометното игралиште.

0

Полицијата во Велес соoпшти дека го расчистила случајот со оштетувањето на спортската и на урбаната опрема во дворот на основното училиште „Васил Главинов“. Полицијата идентификувала двајца 15-годишници.

Случајот привлече внимание откако на социјалните мрежи се појави видео од оштетувањето. Претходно бeше пријавено дека се уништени спортски реквизити и тартан-подлогата на ракометното игралиште.

Со двајцата малолетници полицијата извршила службени разговори на 18 и на 19 август. Присуствувале нивните родители и претставник од Центарот за социјални работи во Велес.

„По целосно расчистување и документирање на настанот ќе бидат поднесени соодветни поднесоци“, соопшти СВР Велес.

Поврзани содржини