ПОКАЧУВАЊЕ ЗА 10% НА ПЛАТИТЕ ВО АРМИЈАТА И ВО ОДБРАНАТА Мисајловски го оцени покачувањето како историско

Ветив многупати дека ќе работам заедно со синдикатите, заедно со Армијата, оваа институција да биде најдобрата во државата, а со овој чекор по примањата навистина стануваме една од најдобрите институции во државата, вели министерот за одбрана, Владо Мисајловски.

0

Министерот за одбрана Владо Мисајловски денеска соопшти дека платите на вработените во армијата и во одбраната ќе бидат покачени за 10%.

Тој го оцени зголемувањето на примањата како „историски чекор“.






Мисајловски информираше дека на последната владина седница поминал предлогот за буџетот за 2027 година, по што ќе биде испратен во Собранието, а во новиот буџет се предвидени опари за повисоките плати.

– Платите во армијата и во одбраната се зголемуваат за 10 проценти. Тоа значи историско најголемо зголемување во апсолутна вредност. Тоа значи се зголемува основната плата, но и сите компоненти што се опфатени во платата – рече денеска Мисајловски.

Министерот посочи дека преку социјален дијалог и во соработка со синдикатите бил постигнат овој исчекор.

– Ветив многупати дека ќе работам заедно со синдикатите, заедно со Армијата, оваа институција да биде најдобрата во државата, а со овој чекор по примањата навистина стануваме една од најдобрите институции во државата. Честитки до сите вработени, бидејќи тоа го заслужуваат, го заслужува Армијата, ние сме НАТО Армија и преку социјален дијалог ова го оствариме – потенцираше Мисајловски.

Мисајловски изрази благодарност до премиерот Христијан Мицкоски и до министерката за финансии, Гордана Димитриевска Кочовска за поддршката.

 

Поврзани содржини