Поврзани содржини
На 91 година почина легендарниот американски актер Ричард Чембрлејн, „кралот на минисериите“. Тој починал на 29 март 2025 година на Хаваи, од компликации по мозочен удар.
Неговата долгогодишна партнерка, Мартин Рабет, сподели:
„Нашиот сакан Ричард сега е со ангелите. Тој е слободен и лета кон оние што ги сакаше пред нас. Толку сме благословени што го познававме – неверојатна и сакана душа. Љубовта никогаш не умира, а нашата љубов ќе го води во неговата следна голема авантура.”
Со серијата „Шогун“ Чембрлејн освои Златен глобус за најдобар актер и доби номинација за Еми, додека меѓународна слава стекна со „Птиците умираат пеејќи“, освојувајќи уште еден Златен глобус во 1984 година.
Тој беше дел од некои од најпознатите телевизиски продукции на 1980-тите како „Валенберг“ (1985) и оригиналниот филм „Борновиот идентитет“ (1988).