ПОЧИНА НОБЕЛОВЕЦОТ МАРИО ВАРГАС ЉОСА Беше опишан како „божествено надарен раскажувач“

Меѓу неговите најпознати дела се „Тетка Јулија и сценаристот“, „Смрт на Андите“, „Војна за крајот на светот“, „Време на хероите“, „Празникот на прчот“.

259

Перуанскиот писател Марио Варгас Љоса, добитник на Нобеловата награда за литература, почина вчера на 90-годишна возраст, објави неговото семејство на мрежата „Икс“.

„Со длабока тага, објавуваме дека нашиот татко Марио Варгас Љоса почина во Лима, опкружен со семејството и во мир“, соопштува пораката објавена синоќа, потпишана од неговиот постар син Алваро, помалиот син Гонзало и ќерката Моргана.






Перуанската претседателка Дина Ерикилија Болуарте Зегара изрази сочувство до семејството на писателот.

„Неговиот интелектуален гениј и огромен литературен опус ќе останат вечно наследство за идните генерации. Изразуваме длабоко сочувство до неговото семејство, пријателите и светот на литературата. Нека почива во мир, најпознатиот Перуанец на сите времиња“, се наведува во објавата на претседателката.

Роден во 1936 година, во семејство од средна класа, Варгас Љоса беше еден од големите предводници на латиноамериканскиот литературен бум од 1960-тите и 70-тите, заедно со Колумбиецот Габриел Гарсија Маркес и Аргентинецот Хулио Кортасар. Плодниот романсиер, есеист и добитник на бројни други одличја, Варгас Љоса беше награден и со Нобелова награда во 2010 година, кога беше опишан како „божествено надарен раскажувач“. Неговите описи на појавите авторитаризам, насилство и мачоизам, користејќи богат јазик и имагинација, го направија литературна ѕвезда во латиноамериканскиот свет.

Меѓу неговите најпознати дела се „Тетка Јулија и сценаристот“, „Смрт на Андите“, „Војна за крајот на светот“, „Време на хероите“, „Празникот на прчот“.

Последните месеци често се зборуваше за влошеното здравје на писателот, бидејќи тој се повлече од јавниот живот и за тоа време живееше во Лима.

Поврзани содржини