🎥 ПО СУДИР НА ДВА КАМИОНИ, ПРСКАШЕ ГАС НА СИТЕ СТРАНИ! Поради опасност од експлоџија, запрен сообраќајот во двата правци

Во ообраќајката кај Стара Пазова во Србија едното од возилата превезувало плински боци.

0

Два камиона се судрија кај Стара Пазова, на автопатот Белград – Нови Сад, во правец кон Белград, денеска нешто пред 11 часот, јавуваат српски медиуми.

Едното возило превезувало плински боци, па по судирот дошло до истекување на гас. Поради безбедноста на сите учесници во сообраќајот, сообраќајот е запрен во двата правци.

На наплатната рампа „Стара Пазова“ и на околните делници се формираа големи гужви и долги колони возила. „Патишта на Србија“ соопштија дека сообраќајот е пренасочен кон клучката Стара Пазова и дека јавноста ќе биде известена кога состојбата ќе се нормализира.

Поврзани содржини