По пет месеци славната актерка успеа да прооди! (ФОТО)

1,359

Ешли Џад пред пет месеци доживеа страотна несреќа поради која остана неподвижна.

Славната актерка можела да умре или да ја загуби ногата, откако се повредила во африканската прашума во Конго, каде отишла да учествува во истражувачкиот камп кој се занимава со мајмуни бонобои. За среќа, во тој момент покрај неа се нашле локалните жители кои ѝ помогнале






Поминала пет часа во болки, откако коската ѝ била вратена во првобитната положба, но трпела неподносливи болки.

Пред неколку дена таа ги израдува своите фанови што работите се подобруваат, како и дека до пред еден месец само плачела и не можела да го мрдне стапалото, но со помош на двомесечна терапија успеала да застане на нозе и додала дека му се враќа на пешачењето во природа.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Ashley Judd (@ashley_judd)

– Пријатели. Без моите браќа и сестри од Конго, моето внатрешно крварење веројатно ќе ме убиеше и ќе ја изгубев ногата. Се будам плачејќи во знак на благодарност, длабоко допрена од секој човек кој придонесе за нешто што даде живот и го спаси духот за време на мојата исцрпувачка 55 -часовна одисеја – напишала актерката во објава на Инстаграм во која им се заблагодари на сите помошници и ги опиша како вистински херои.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Ashley Judd (@ashley_judd)

ФОТО: Инстаграм

Поврзани содржини