ПО 4 ГОДИНИ РК ВАРДАР СЕ ВРАЌА ВО ЛИГАТА НА ШАМПИОНИ Доби „вајлд карта“ од ЕХФ

Во новата сезона на Лигата на шампиони ќе има 24 екипи кои ќе бидат поделени во шест групи.

3

Европската ракометна федерација денеска му додели вајлд-карта на македонскиот првак Вардар. „Црвено-црните“ по четири години се враќаат во елитното натпреварување.

Вардар е двократен европски шампион. На европскиот ракометен трон македонскиот шампион беше во 2017 и во 2019 година.






Последното учество на вардарци во елитната лига беше во сезоната 2021/2022.

Во новата сезона на Лигата на шампиони ќе има 24 екипи кои ќе бидат поделени во шест групи. Ќе се игра двокружен систем, а двете најдобри од секоја група ќе продолжат останатите ќе се префрлат во Европската лига.

Извлекувањето на групите ќе се изврши на 26 јуни во Виена.

Поврзани содржини