ПМС И ЧОКОЛАДО – ШТО НАВИСТИНА МУ ТРЕБА НА ТЕЛОТО? Вероника Минов во серијалот за женско здравје на dm
Серијалот за женско здравје, реализиран од dm во соработка со дерматолог, нутриционист, ендокринолог и гинеколог, обработува различни теми поврзани со менструалното здравје, хормоналните промени, исхраната, негата на кожата и благосостојбата на жените.
Предменструалниот синдром (ПМС) е природен дел од менструалниот циклус, но неговите симптоми можат да бидат различни кај секоја жена. Промените во расположението, заморот, чувствителноста, но и зголемената желба за одредени видови храна се само дел од искуствата со кои се соочуваат многу жени. Иако овие промени се вообичаени, тие често отвораат прашања за тоа што навистина се случува во организмот и дали исхраната може да помогне во нивното полесно надминување.
Токму на оваа тема е посветено видеото „ПМС и исхрана – што навистина влијае?“, дел од едукативниот серијал за женско здравје што dm го реализира во соработка со дерматолог, нутриционист, ендокринолог и гинеколог. Преку разговори со стручни лица, серијалот обработува теми поврзани со женското здравје на едноставен и разбирлив начин, со цел жените да добијат проверени информации и практични совети за подобро разбирање на сопственото тело.
Во оваа епизода, нутриционистката Вероника Минов објаснува дека желбата за храна во деновите пред менструацијата не е случајна, туку е резултат на природните хормонални промени. Промените во нивото на естрогенот и прогестеронот влијаат врз апетитот, поради што многу жени во овој период чувствуваат поголема потреба за храна, особено за брзи јаглехидрати и слатки.
Една од најчестите дилеми е дали чоколадото навистина може да помогне за време на ПМС. Според Минов, нема потреба жените да чувствуваат вина доколку во овие денови изедат малку чоколадо. Таа објаснува дека оваа желба е поврзана со природните процеси во организмот, но препорачува, кога е можно, изборот да биде темно чоколадо, кое покрај тоа што ја задоволува желбата за благо, содржи и магнезиум и полифеноли.
– Секоја жена ПМС го доживува различно. Тоа е поради флуктуациите на хормоните што се случуваат во нашето тело. Особено тука се прогестеронот и естрогенот. При паѓањето на естрогенот, прогестеронот се покачува и токму тој иницира желба за храна – објаснува Вероника Минов.
Серијалот за женско здравје, реализиран од dm во соработка со дерматолог, нутриционист, ендокринолог и гинеколог, обработува различни теми поврзани со менструалното здравје, хормоналните промени, исхраната, негата на кожата и благосостојбата на жените. Сите епизоди се достапни на профилите на dm на социјалните мрежи и каналот на YouTube, каде заинтересираните можат да најдат дополнителни стручни совети и информации.
Со ваквите едукативни содржини, dm продолжува да отвора важни теми поврзани со женското здравје, придонесувајќи за поголема информираност и охрабрувајќи ги жените подобро да ги разберат природните промени низ кои поминува нивното тело.