ПЛАНОТ Е 10 МИЛИЈАРДИ ЗА 10 ГОДИНИ И 6 НОВИ АВТОПАТИ ДО 2027 Годинава во инвестиции се вложени рекордни 1,255 милијарди евра

ВМРО-ДПМНЕ вели дека има видлива разлика во сегашната влада со претходната гарнитура на СДСМ и ДУИ. Партијата ги потенцира рекордните 1,255 милијарди евра вложени во инвестиции оваа година заедно со ваучерите за електронски уреди, помошта за отпонување сопствен бизнис, помошта за земјоделците и условите за студентите. Планот на владата е во патишта и пруги во следната деценија да бидат вложени и до 10 милијарди евра.

797

Владата планира 10 милијарди евра капитални инвестиции во патната и железничката инфраструктура во следната деценија, додека годинава се достигнати рекордни 1,255 милијарди во поновата историја, вели ВМРО-ДПМНЕ во соопштение до јавноста.

Додека СДСМ и ДУИ оставаа кризи, долгови и блокади, ВМРО-ДПМНЕ донесе стабилност, развој и конкретни резултати кои денес ги чувствуваат граѓаните, се наведува во соопштението.






ВМРО-ДПМНЕ споменува дека до крајот на 2027 година треба да бидат завршени 6 нови автопатски делници. Партијата исто така истканува дека биле доделени 55.000 ваучери за електронски уреди во вредност од 250 евра, 10 илјади евра за отпочнување на сопствен бизнис со Оперативниот план за 2025 година, а тоа ќе продолжи и оваа година.

„Доделени беа 10 илјади евра за млади земјоделци, се прошири опсегот за субвенционираниот студентски оброк. Ова се показателите дека Владата се грижи за младите да можат да градат иднина дома“.

Во соопштението се вели и дека во изминатиот период се зголемија платите и пензиите, дека Владата ја зајакнува економијата и дека економијата седум квартали по ред бележи економски раст над 3 проценти.

„Истовремено градиме нови градинки, училишта, здравствени установи, спортски сали и патишта, додека враќаме наследени долгови во просек од над 2 милијарди евра годишно.

ВМРО-ДПМНЕ докажа дека знае како да работи за државата и граѓаните. Докажа дека националните интереси немаат цена и дека Македонија може да има власт која не капитулира кога се во прашање достоинството, идентитетот и интересите на народот.

Денес Македонија не стои во место. Македонија се движи напред. Македонија забрзува“, велат од партијата порачувајќи дека разликата со претходната власт е очигледна.

Поврзани содржини