ОТКРИЕНИ 29 ФЕТУСИ ЗАКОПАНИ ВО ДВОР Градежни работи открија страшна тајна во Полска

Полицијата во Полска води истрага по морничаво откритие на приватен имот во близина на Жешов, каде се пронајдени човечки фетуси и медицински отпад закопани во земја.

95

Полска е во шок по откривањето на човечки фетуси и медицински отпад закопани на приватен имот во село во близина на Жешов, пренесува Еуроњуз.

Случајот бил откриен за време на градежни работи, кога механизација уредувала пристапен пат кон куќа на приватен имот. По првичните пронајдени остатоци, на местото веднаш интервенирале истражни органи и започнале детална истрага.






Според обвинителството, досега се пронајдени вкупно 29 човечки фетуси, како и медицински отпад, меѓу кој и материјали кои се користат за чување лабораториски примероци.

Обвинителството соопшти дека, според првичните сознанија, остатоците биле откриени при земјени работи на имотот, а експерти по судска медицина потврдиле дека станува збор за човечки фетуси или нивни фрагменти во рана фаза на развој.

„Експертите по судска медицина излегоа на местото на настанот и потврдија дека станува збор за човечки фетуси“, изјави обвинителството.

Првично биле пријавени околу десетина пронајдени фетуси, но подоцна бројката пораснала на околу триесет, додека точниот број ќе биде утврден по завршување на сите анализи и идентификација на материјалот.

Поранешната сопственичка на имотот, 57-годишна (патолог), е приведена, додека истрагата за случајот продолжува.

Поврзани содржини