ОСЛОБОДЕТЕ ГИ ЗАЛОЖНИЦИТЕ ИЛИ ИЗРАЕЛ ЌЕ ПРИСВОИ ДЕЛОВИ ОД ГАЗА Кац упати остра закана кон Хамас

Ако терористичката организација Хамас продолжи да одбива да ги ослободи заложниците, јас ѝ наложив на ИДФ да заземе дополнителни области, да го евакуира населението и да ја прошири безбедносната зона околу Газа за заштита на израелските заедници и на војниците на ИДФ, преку трајно задржување на областа од страна на Израел, изјави министерот за одбрана на Израел, Израел Кац.

192

Министерот за одбрана на Израел, Израел Кац, се закани дека Израел ќе анектира области на Појасот Газа доколку Хамас одбие да ги ослободи заложниците што сè уште ги држи, објави Баронс.

Кац ѝ дал инструкции на ИДФ да заземе дополнителни области на Појасот Газа додека издава наредби за евакуација на палестинските цивили во тие области.






– Ако терористичката организација Хамас продолжи да одбива да ги ослободи заложниците, јас ѝ наложив на ИДФ да заземе дополнителни области, да го евакуира населението и да ја прошири безбедносната зона околу Газа за заштита на израелските заедници и на војниците на ИДФ, преку трајно задржување на областа од страна на Израел. Додека Хамас продолжува да одбива, ќе губи сѐ повеќе и повеќе земја која ќе му биде додадена на Израел – се вели во изјавата на Кац.

Тој информира дека Израел ќе го зголеми интензитетот на својата воена кампања против Хамас, вклучително и „преку проширување на копнениот маневар додека заложниците не бидат ослободени и Хамас не биде поразен“.

Кац додава дека Израел ќе го употреби „сиот воен и цивилен притисок, вклучително и евакуација на населението во Газа на југ и спроведување на планот за доброволна миграција на претседателот Трамп за жителите на Газа“.

Поврзани содржини