ОПАСНОСТА ОД ГЛОБАЛНА ЕПИДЕМИЈА НА ХАНТАВИРУС Е МАЛА Сепак, се работи на развивање вакцина
Светската здравствена организација вели дека раното откривање и лекување ги подобруваат стапките на преживување.
Според најновите проценки на Светската здравствена организација, опасноста од хантавирус за европската јавност е ниска, изјави денеска портпаролот на Европската комисија.
Тој додаде дека Комисијата работи на усогласување на европскиот одговор заснован врз научни сознанија. Портпаролот посочи дека вчера биле реализирани четири летови преку Европскиот механизам за цивилна заштита, поврзани со епидемијата на бродот „Хондиус“.
– Подготвени сме да обезбедиме дополнителна поддршка – изјави портпаролот.
Тим научници работи на можна нова вакцина за справување со сој на Хантавирусот. Иако во моментов не постои лек или вакцина, Светската здравствена организација вели дека раното откривање и лекување ги подобруваат стапките на преживување.
– Тоа е сосема нов антиген и сега е тестиран во лабораторија, а го тестиравме и на повеќе животински модели. Ппокажува многу добра имуногеност против болестите предизвикани од хантан и се надеваме дека ова ќе биде добар антиген што ќе се користи за производство на идна вакцина против вирусот хантан, вели Д-р Асел Сартбаева, хемичар, од Универзитет во Бат.
Во меѓувреме, ситеа патниците од крузерот погоден од епидемија на Хантавирус предизвикана од сојот на хантавирусот од Андите се вратени во своите домови низ целиот свет. Како што претходно објавија медиумите, сите патници на бродот се третираат како високоризични контактни лица, што претставува мерка на претпазливост на СЗО.