📽️ ШПАНИЈА ГО ОБВИНИ ИЗРАЕЛ ЗА КИДНАПИРАЊЕ Oслободениот активист од флотилата најави тужба
Шпанскиот активист Саиф Абукешек, кој беше приведен од израелската морнарица за време на акцијата против Меѓународната флотила за Газа, најави тужба против Израел.
Шпанскиот активист Саиф Абукешек кој 10 дена беша во притвор најави правна битка против Израел. Абукешек заврши зад решетки по акцијата на израелската морнарица против Меѓународната флотила.
– Моите адвокати проучуваат сè што се случи бидејќи Израел прекрши бројни закони – изјави Абукешек најавувајќи ја тужбата.
„Киднапирање“
Шпанскиот министер за надворешни работи Хозе Луис Албарес порача дека нема докази за обвиненијата што Израел ги изнел против активистите.
Тој оцени дека Израел го прекршил меѓународното право.
– Тоа беше киднапирање – изјави Албарес.
View this post on Instagram
„Тероризам“
Абукешек и бразилскиот активист Тијаго Авила беа меѓу 180 активисти што израелската морнарица ги пресретна во меѓународните води покрај Грција.
Флотилата пловела кон Појасот Газа со намера да отвори хуманитарен коридор.
Израел ги уапси активистите под сомнение за тероризам.
„Тепање и за злоупотреби“
Израел подоцна ги депортираше дел од активистите во Грција. Тие се пожалија на тепање и за злоупотреби за време на притворот.
Фотографиите што ги објави флотилата покажуваат повеќе повредени лица.