ЏОН ТРАВОЛТА СЕ ПРОСТИ ОД ОЛИВИЈА ЊУТН-ЏОН Те сакам, повторно ќе бидеме заедно (ФОТО)

Тие глумеа во култниот филм „Брилијантин“, а беа и останаа една од најпознатите филмски парови на сите времиња.

659

Актерот Џон Траволта синоќа на Инстаграм се прости од познатата актерка и пејачка Оливија Њутн-Џон, која вчера почина во својот дом во Јужна Калифорнија, на 73-годишна возраст. Траволта со Оливија глумеше во култниот филм „Брилијантин“. Тие беа и останаа една од најпознатите филмски парови на сите времиња.

„Најдрага моја Оливија, ти ги направи сите наши животи многу подобри. Твоето влијание беше неверојатно. Те сакам многу. Ќе се видиме на пат и сите повторно ќе бидеме заедно. Твој од првиот момент кога те видов и засекогаш! Твојот Дени, твојот Џон!“, напиша Џон Траволта покрај фотографијата на Оливија.

 






 

View this post on Instagram

 

A post shared by John Travolta (@johntravolta)


Многумина испратија пораки со поддршка до семејството на актерката на неговиот профил, нагласувајќи колку ги растажила веста за нејзината смрт.

Во 1978 година, Оливија и Траволта глумеа во познатата „Брилијантин“ во режија на Рандал Клајзер. Оливија беше Сенди Олсон, а Траволта – Дени Зуко. Филмот постави стандарди на многу полиња, а донесе и бројни култни сцени и реплики кои публиката сè уште не ги заборава, додека помладите генерации со задоволство го гледаат безвременскиот филмски хит од некои минати времиња.

Тажната врска ги обединува Оливија и сопругата на Џон Траволта, Кели Престон, која почина во 2020 година на 58-годишна возраст од истиот тип на рак од кој боледуваше ѕвездата на „Брилијантин“, рак на дојка.

ФОТО: Инстаграм

Поврзани содржини