ОМИКРОНОТ ЈА СТАВИ ПОД КЛУЧ ПОЛА ЕВРОПА? Еве што планираат земјите за Божиќ и за Нова Година

Локдаунот во Холандија започна во неделата и вклучува затворање на несуштинските продавници и услуги, вклучително и кафулињата, рестораните, спортските сали, кината и музеите. Од 24 до 26 октомври, кога ќе биде католичиот Божиќ луѓето ќе можаат да имаат само до двајца гости во својот дом.

1,167

Холандија, Белгија, Данска, Италија, Германија, Австрија, Франција, Британија и Ирска се земјите кои веќе размислуваат за новогодишно заклучување поради брзорастечкиот омикрон-сој на коронавирусот кој галопира на стариот континент. Додека Лондон ја откажа главната прослава, а Германија сака да има „благ локдаун“, луѓето во Холандија ќе се соочат со затворени врати во следните две недели, пишува Фортун.

Еве како се шират „локдауните“ во Европа:






Холандија

Заклучувањето на Холандија ќе трае најмалку две недели од новата година. Објавувајќи го заклучувањето, премиерот Марк Руте рече дека е во „мрачно расположение и многу луѓе што го следат [неговиот говор] исто така ќе се чувствуваат така“.

Локдаунот започна во неделата и вклучува затворање на несуштинските продавници и услуги, вклучително и кафулињата, рестораните, спортските сали, кината и музеите. Од 24 до 26 октомври, кога ќе биде католичиот Божиќ луѓето ќе можаат да имаат само до двајца гости во својот дом.

Данска

Владата во Данска, објави затворање на кината, театрите и другите јавни места, иако данската премиерка Мете Фредериксен ја отфрли можноста за пошироко заклучување врз основа на тоа дека земјата е високо вакцинирана. Епидемиолозите очекуваат следниот месец да биде „најтешкиот“ досега за Данска, која забележа над 2.500 инфекции со омикрон во еден ден на крајот на минатата недела.

Белгија

Во соседна Белгија, која до неодамна излегуваше од тешкиот бран со ковид, омикрон-сојот сега сочинува 10 отсто од сите нови инфекции, кои броеја околу 10.000 во петокот, што е зголемување од 6 отсто само еден ден претходно. Белгиската влада ќе разгледа нови мерки во среда, што може да ги разочара луѓето. Белгија ги имаше некои од најжестоките протести во Европа против мерките за заклучување.

фото: pixabay.com

Франција

Франција ќе мора да се справи без традиционалниот спектакл на огномет над парискиот хоризонт и диџејските сетови долж Елисејските полиња, откако властите на главниот град ги послушаа предупредувањата на епидемиолозите. Франција, исто така, воведе строги ограничувања за луѓето кои доаѓаат од Велика Бритнаија, бидејќи таму омикрон-сојот многу брзо се шири.

Германија

Германија ги ископира мерките од Франција, а воведе исти такви ограничувања за луѓето што влегуваат од Франција, Данска и од Норвешка. Се чини дека Германија не сака ново заклучување, но нема да дозволи невакцинирани луѓе да влегуваат во рестораните или во помалите продавници и установи.

Австрија

Австрија, слично на Германија се противи за целосен локдаун и привремено ќе ги укине ограничувањата за невакцинираните лица за трите дена околу Божиќ.

Италија

Се шушка дека владата на премиерот Марио Драги се подготвува да воведе нови мерки со кои дури и вакцинираните луѓе ќе бидат принудени да покажат негативни резултати од тест кога ќе сакаат да пристапат до стадионите, клубовите и театрите. Маските исто така може да бидат задолжителни дури и на отворено. Досега, Италија има помалку од 100 потврдени случаи на омикрон-сојот.

фото: Pixabay.com

Шпанија и Португалија

Шпанија ја отфрли можноста за нови ограничувања. Министеркaтa за здравство Каролина Дариас на почетокот на месецот рече дека локдауните биле „нешто од минатото.“ Во меѓувреме, официјалните лица во Португалија во петокот рекоа дека две од 10 инфекции во земјата се од омикрон-сојот.

– Може да биде 50 отсто во неделата кога е Божиќ и 80 отсто во последната недела од годината – рече министерката за здравство Марта Темидо, која не најави нови ограничувања, но и не ги отфрли.

Велика Британија

Обединетото Кралство стана светскиот епицентар на омикрон-сојот, со повеќе од 12.000 нови случаи пријавени во неделата. Здравствените експерти во земјата проценуваат стотици илјади нови инфекции со омикрон-сојот секој ден и побараа да се донесат „построги“ мерки многу брзо за да се спаси здравствениот систем од преоптоварување со дури 3.000 нови хоспитализации секој ден и тоа само во Англија.

Лондон ја откажа забавата за најлудата ноќ, а се планираат забрани за средби на затворени во следниве две недели по католичкиот Божиќ.

Ирска

Строги ковид-мерки стапија на сила во Ирска од вчера. Рестораните и баровите ќе се затвораат во 20 часот, што било компромис да се заштитат угостителите, бидејќи Владата барала локдаунот да почнува од 17 часот. Секој втор заразен во Ирска е со омикрон-сојот.

Поврзани содржини