ОХРИД ЌЕ ДОБИЕ МОДЕРНА КАТНА ГАРАЖА Законските измени овозможија забрзување на проектот

Инвестицијата е околу 2 милиони евра, пари обезбедени од проектот на Владата за подршка на општините. Катната гаража ќе бори околу 200 паркинг места и треба да биде завршена следната летна сезона.

1

Изгрaдбата на катната гаража во Охрид е директен ефект од законските измени што ги направивме на почетокот од оваа Влада и со тоа ги олеснивме постапките за изградба на училишта, болници, градинки, амбуланти и катни гаражa, истакна заменик претседателот на Владата и министер за транспорт Александар Николоски денеска од Охрид.

Тој заедно со претседателот на Владата, Христијан Мицкоски и градоначалникот на Охрид, Кирил Пецаков, го означија почетокот на изградба на катната гаража.

Инвестицијата е околу 2 милиони евра, средства обезбедени од проектот на Владата за подршка на општините. Катната гаража ќе бори околу 200 паркинг места и треба да биде завршена следната летна сезона.

– Морам да кажам дека беше предизикувачкиот аспект што требаше да се вклопат три различни заштити тука. Едната е, секако, генералната заштита на УНЕСКО, втората е заштитата на културното наследство и третата е архитектоинската заштита. Сите три се направија со поддршка на Општината, со поддршка на Завод и музеј Охрид, Министерството за култура и сите надлежни институции.

Финансирањето, како што кажа градоначалникот, е обезбедено преку средствата во буџетот и сум убеден дека со работата која што ја прави градоначалникот, веќе следната летна сезона тука ќе може да се паркираат и гостите, а секако и жителите на Охрид, како би се отворил еден поголем простор и би можело да заживее уште повеќе чаршијата, што секако ќе значи економски бенефит за сите кои што живеат во Охрид.

Ќе продолжиме да ја поддржуваме општината, имаме и други бројни проекти кои што се одвиваат во овој момент и заедно со градоначалникот и со неговиот тим ќе продолжиме да работиме – изјави вицепремиерот Николоски.

Градоначалникот Пецаков најави и нови проекти за развој на Охрид. Тој потенцира дека заедничките инвестиции на опшината и владата достигнуваат 15 милиони евра.

Поврзани содржини