ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ Е ВЕЛИКАН НА МАКЕДОНСКАТА ИСТОРИЈА Рубин Земон се извини за навредата, вели дека погрешно бил сфатен

Земон појасни дека немал намера да го намали значењето на Делчев, туку сакал да укаже на потребата од поголемо вреднување и на личности како Димитрија Чуповски или Крсте Мисирков во македонската колективна меморија.

122

Поранешиот пратеник и лидер на ПОЕН, а сега член на ЦО на СДСМ, Рубин Земон, во објава на социјалните мрежи се извини за својата изјава дадена во поткаст на Коридор 8, каде рече дека Гоце Делчев бил само мит кој ништо не направил за Македонија.

Земон појасни дека немал намера да го намали значењето на Делчев, туку сакал да укаже на потребата од поголемо вреднување и на личности како Димитрија Чуповски или Крсте Мисирков во македонската колективна меморија.

„Сакам да објаснам дека во никој случај не сум помислил, ниту нешто сум направил за да ја намалувам вредноста, значењето и големината на великанот Гоце Делчев за македонската историја и неговата улога. Она за што говорев е повеќе за тоа што во нашата колективна меморија се запоставени Чупоски и Мисирков, и дека и тие исто така треба да се на пиедесталот, особено за развојот на македонскиот идентитет. Тоа беше мојата дискусијата и тоа беше мојата поента. Во никој случај не сум имал намера да се каже нешто против Гоце Делчев, којшто е на пиедесталот на македонската историја. Се извинувам на сите доколку нешто поинаку било разбрано или протолкувано“- напиша Земон во својата објава на Фејсбук.

Поврзани содржини