ОДИМЕ ДО КРАЈ, ЌЕ ИМА ОДГОВОРНОСТ ЗА СЕКОЈ КОЈ ИМА ВИНА Повеќе од половина од проверените локали не ги исполнуваат условите за лиценца

Денеска пред да дојдам на ова интервју добив информација од Државниот пазарен инспекторат дека се проверени повеќе од 60-70 локали. Дури и оние кои имаат важечки лиценци, повеќето од половина не ги исполнуваат минималните технички услови. И тоа е најголемиот проблем, изјави премиерот и најави дека ќе оди до крај во борбата со корупцијата и, како што рече, мафијата.

1,364

„За сите оние кои што било како допринеле со милиметар да се случи ова кое што се случило, ќе има одговорност, без разлика дали се тие од ВМРО-ДПМНЕ, дали се од СДСМ, ДУИ или од некоја друга политичка партија, без разлика дали се Македонци, Албанци или други, без разлика дали се христијани или муслимани“.

Вака изјави претседателот на Владата Христијан Мицкоски во вечерашното интервју во централниот дневник во „Тема на денот“ на ТВ Сител. За секој оној за кој ќе биде утврдена одговорност ќе одговара, вели тој.






Премиерот изјави дека нема запирање и дека сè она кое што претходно се сокривало односно, како што рече, се ставило под тепих ќе биде откриено и ќе се дознае, сè до крај додека не следува целосна одговорност.

– И не само за овој случај, ќе одговараат за многу други случаи, кои во минатото кај граѓаните и во нивната меморија оставија чувство на сомнеж дали е навистина сè постапено онака како што требало да е постапено. Сега е моментот сè она кое што порано било ставано под тепих да биде откриено, и сè она кое што било ставано под тепих да биде решено – изјави премиерот.

Мицкоски во своето гостување истакна дека по извршените контроли во дискотеките утврдено е дека повеќето од половината кои имале лиценци, не исполнуваат услови, и потенцираше дека ќе има забрани за вршење на дејност за сите кои не исполнуваат услови.

– Денеска пред да дојдам на ова интервју добив информација од Државниот пазарен инспекторат дека се проверени повеќе од 60-70 локали. Дури и оние кои имаат важечки лиценци, повеќето од половина не ги исполнуваат минималните технички услови. И тоа е најголемиот проблем.

Премиерот додаде дека е разговарано и со претседателот на ЗЕЛС за под итно да се закаже Управен одбор, да се проверат сите оние објекти кои се под општинска надлежност.

– Комуналните инспектори да излезат на терен, да ги проверат натстрешниците, терасите. Нема назад, тргнавме. Или ќе победи таа мафија која со децении трае или ќе победат народот и државата. Ние сме на страната на народот и државата и одиме до крај. Ќе добијат решителност – изјави Мицкоски.

Поврзани содржини