Од вилата Биљана вратена на Србија уметнички обработената железна ограда која во 1936 била пред белградскиот парламент

Како што објасни Дачиќ, Србија се интересирала за судбината на оградата уште на средбата со министерот Бујар Османи во Белград, поради намерата оваа година да се одбележи 85-годишнината од првата седница што се одржала во Собранието.

699

Градоначалникот на Охрид Константин Георгиевски и делагација од Македонија денеска со претседателот на српското собрание Ивица Дачиќ извршија примопредавање на дел од железната ограда која своевремено го опкружувала парламентот во Белград. Уметнички обработената железна ограда била поставена во 1936 до 1956 година кога е отстранета, а денеска вратениот дел се наоѓал во вилата Биљана во Охрид.

Како што објасни Дачиќ, Србија се интересирала за судбината на оградата уште на средбата со министерот Бујар Османи во Белград, поради намерата оваа година да се одбележи 85-годишнината од првата седница што се одржала во Собранието.






– Јас му се заблагодарувам на министерот Бујар Османи, на градоначалникот на Охрид и амбасадата, што така бргу реагираа. Во последно време имавме еден низ чекори кои сочинуваат севкупно една коцка во мозаикот кои ја покажуваат вистинската слика како нашите односи треба да бидат, братски и пријателски и би сакал така да останат и понатаму -изјави Дачиќ.

Градоначалникот на Охрид, Константин Георгиевски, изјави дека примопредавањето на дел од оградата е знак на пријателство меѓу двата народа и ги покани граѓаните на Србија да го посетат Охрид.

Георгиевски потенцираше дека во Охрид ќе биде донесена одлука сите посетители од Србија да бидат ослободени од плаќање паркинг во тој град.

 

 

Поврзани содржини